Американските регулаторни власти предупредија денеска дека 11 големи банки имаат нереални резервни
планови во случај на банкрот и оти нивната потенцијална пропаст може да го вовлече светот во нова финансиска криза.
Според соопштение на американската централна банка (ФЕД) и Федералната агенција за обезбедување депозити неопходно е 11 банкарски гиганти, популарно познати како „премногу големи за да пропаднат“, да достават подобрени планови за свое реструктуирање во случај да влезат во проблеми.
Потпретседателот на Федералната агенција за осигурување депозити, Томас Хониг вели дека тие банки досега не покажале како би надминале пречки во случај на банкрот.
– Нивните планови не нудат кредибилен или чист пат низ банкрот, предупредува Хониг, мислејќи притоа на 11 банкарски институции како Голдман Сакс, Морган Чејс, Дојче банка, Бенк оф Америка, Бенк оф Њујорк Мелон, Барклиз, Ситигруп, Креди Суис, Морган Стенли, Стејт Стрит и УБС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поранешното момче пет месеци ѝ се заканувало дека ќе ја убие
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Дај ми 2.000 евра или ќе ти го земам детето – Скопјанка мета на закана од поранешното момче
-
Се нудат на продажба: Банките им ги лапнаа хациендите и фирмите на познати македонски политичари и бизнисмени



