Шпанскиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид Чаби Алонсо би можел да биде продаден ова лето откако тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти изразил незадоволство од физичката подготвеност на играчот.
Според шпанските медиуми во таборот на Реал Мадрид се незадоволни од подготвеноста на Алонсо, лошата физичка кондиција како и од губењето на килограмите во подготвителниот период.
Анчелоти бил незадоволен и од намалената цврстина на Алонсо, која е неопходна за играч на таа позиција.
Со доведувањето на Тони Крос и Џејмс Родригез во тимот се очекува во случај Алонсо да остане на Сантијаго Бернабеу да биде во втор план.
Во првиот тим пред Алонсо ќе конкурираат новите засилувања како и Лука Модриќ и Сами Кедира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)


