Една од најживописните улици во светот е и таканаречената Улица на храната во пакистанскиот град Лахоре. Опкружена со историски згради стари неколку векови, но редовно одржувани во најразлични бои, оваа шарена улица е туристичка атракција во Лахоре, на која се нуди традиционалната пакистанска кујна.
Познати по својот богат вкус, пакистанските јадења изобилуваат воглавно со индиски зачини и комбинации карактеристични за тој дел од Азија.

Фото ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


