| четврток, 6 декември 2018 |

Состанок на претседателите на ЕЦБ и на ЕК

dragi

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги денеска ќе има состанок со идниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер во Луксембург.
Драги и Јункер ќе разговараат пред редовниот месечен состанок на гувернерите на централните банки во еврозоната во Франкфурт.
Се очекува ЕЦБ да го задржи нивото на каматните стапки чекајќи влијание од мерките преземени во јуни.
Јункер кој пред два дена беше во посета на Атина изјави дека Европа и понатаму мора да биде внимателна пред нови финансиски предизвици во време кога се обидува да надмине заостанати ефекти од должничката криза. Само ден откако Брисел даде „зелено светло“ за Португалија да го спаси банкарскиот гигант Банко Еспирито Санто, Јункер предупреди дека и понатаму ќе бидат подложни на економски проблеми делови од Европа погодени со рецесијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top