| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за гостиварец поради полов напад над малолетна девојка

Осумнаесетгодишниот С.Х. од Гостивар заработи кривична пријава од тамошната полиција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете.

Имено, на 10 јуни, во Струга, во барака каде што пријавениот престојувал, во посета дошла неговата тринаесетгодишна девојка, по што пријавениот извршил полови дејства над неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top