| четврток, 6 декември 2018 |

Гости искршиле кафе-бар во Скопје бидејќи ечела македонска музика

Ноќва околу полноќ во кафе-барот „Њу Орлеанс“, кој се наоѓа на ул. „Битпазарска“ во Скопје, дошло непознато лице кое почнало вербална расправија барајќи да не се пушта македонската музика.

Откако заминал од барот, набрзо потоа се вратил со неколку млади лица на возраст од 20 до 25 години кои исто така почнале вербална расправија по што искршиле две стакла и компјутер кој бил сопственост на диџејот.

Кога вработената сакала да се јави во полиција, лицата ѝ го одзеле телефонот и го скршиле удирајќи го од земјата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот како и за наоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top