Како што пренесуваат кипарските и српските медиуми, момчето се капело со уште двајца другари во разбрануваното море. Во еден момент, момчињата почнале да повикуваат за помош, но на плажата немало спасувачи. Сепак, повиците ги слушнал еден од вработените во кафулињата покрај плажата и влегол во водата. Кога двете момчиња излегле на брегот му кажале дека имаат уште еден другар кој се изгубил меѓу брановите. За кратко време неговото тело било извадено, но тој веќе бил мртов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




