Сексапилната Кајли Миног ја загреа атмосферата и публиката со својот настап на церемонијата на затворањето на Игрите на Комонвелтот во Глазгов.
„Русокосата бомба“, како што ја нарекоа медиумите во своите извештаи, носеше корсет во црно-розова боја, црни чизми над колена кога се појави на бината во „Хампден парк“.
Австралиската пејачка (46) отпеа неколку свои хитови на настанот кој го окарактеризира како најдобар настан на сите времиња.
– Свесни ли сте колку добро изгледате и колку добро јас се чувстувам поради тоа – праша Кајли од бината.
Потоа се појави во бело-златен фустан, а за секоја песна имаше и посебна кореографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.