И средбата во Кратово помеѓу Силекс и Хоризонт Турново (2:0) не помина без инциденти. Стартот на второто полувреме на доцнеше пет минути, откако на теренот беше предизвикана паника од неочекуван гостин.
Непосредно пред судијата Александар Ставрев да означи старт на вторите 45 минути, змија долга четириесетина сантиметри со сива боја, влезе на теренот и играчите и Ставрев се обидоа сами да ја избркаат.

Откако не успеаја, пристигнаа редарските служби, кои ја исфрлија зад кабината на гостинскиот тим и мечот нормално продолжи.
Извор: www.aberdzija.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


