| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: Се борев како лав за да ја задржам Грција во еврозоната

junker

Новиот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави денеска дека се „борел како лав“ за да ја задржи Грција во еврозоната.

Тој ги пофали напорите на Грција за подобрување на состојбата на нејзината економија, но одби да ги коментира варијантите кои се разгледуваат од земјите во еврозоната за постигнување стабилност на брзо растечкиот државен долг на Грција.

Јункер денеска пристигна во Грција на прва официјална посета во земјата откако е избран за претседател на Еврокомисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top