| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за експолозијата во Сопиште

fibraka-kisela-voda-2

Министерството за труд и социјална политика денеска поднесе кривична пријава во врска со експлозијата во фабриката за пиротехнички материјали во Сопиште, во која починаа две лица, а едно се бори за живот. Исто така ќе бидат поднесени барања за повеќе прекршочни постапки против сопственикот на фирмата „Ицемак“, која според трудовите инспектори имала повеќе неправилности во работењето.

Пријавата е поднесена откако викендов почина и вториот работник кој беше повреден во експлозијата.
Експлозијата се случи на 26 јули во попладневните часови, во фабриката за пиротехника во Сопиште, по што интервенираа екипите на Противпожарната единица од Скопје. Пожарникарите помогнале да се извлечат четворицата вработени, од кои тројца беа потешко повредени, а еден помина со полесни повреди. Жената којашто беше повредена во експлозијата се лекува на КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top