Автомобил се запалил во саботата на 2 август на патниот правец Струга-Дебар, во близина на браната Глобочица.
Според читател на Република, кој ни ги испрати фотографиите, автомобилот се запалил од непознати причини, во возење. Се работи за автомобил Мерцедес А-класа со битолски регистерски таблици. Патниците навреме излегле од возилото, кое за неколку минути изгорело целосно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.