| четврток, 6 декември 2018 |

„Двајца во градот“ од 7 август во македонските кина

dvajca vo gradot

Од 7 август, четврток, во македонските кина ќе почне да се прикажува филмот „Двајца во градот“. Францускиот режисер од алжирско потекло Рашид Бушареб бил маѓепсан од приказната на филмот „Двајца во градот“ од 1973 година со Ален Делон во главната улога, па решил да сними римејк.

Главните улоги ги толкуваат оскаровецот Форест Витакер и легендарниот Харви Кајтел. Форест Витакер го глуми Вилијам Гарнет, поранешен дилер кој е пуштен од затвор по 18 години поради убиство на локален полицаец. Благодарение на новооткриената муслиманска религија, Вилијам го менува своето однесување на подобро и сакал да стане примерен граѓанин. Со помош на сочувствителната социјална работничка  почнува нов живот во малиот град во Ново Мексико. 

Филмот „Двајца во градот“ на режисерот Рашид Бушареб премиерно беше прикажан на 64. Берлинале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top