По летната пауза, РК Металург вчера ги започна. На првиот собир дојдоа сите освен Ренато Вугринец, кој е оправдано отсутен и ќе му се приклучи на тимот в среда.
Почнаа подготовките за новата сезона во која повторно клубот од Автокоманда ќе се бори на повеќе фронтови и ги имаистите амбиции како и во претходните години.
Новиот состав брои неколку нови играчи, подмладен состав, кој со право ќе атакува на двете македонски титули и ќе се обиде да го постигне истиот успех во Лигата на шампионите.
Од денеска погонот се сели во Маврово каде во првата фаза ќе се работи на кондициските подготовки.
извор: РК Металург
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.