Обезбедувач на градилиште во Србија масакрираше три пијани момчиња кои гo нападнале.
Тие најпрво го скршиле стаклото од неговата кабина, а потоа дивјачки го претепале.
-Чуварот едвај застана на нозе. Извадил нож и го зарил во едното момче, а малку му го пресекол и гркланот. Крв имаше на сите страни, му течеше од устата и носот. Сите баравме помош. Чуварот видно претепан, вознемирен гледаше само во една точка. Лицето му беше изобличено. Премногу го тепале – вели очевидец за српските медиуми.
Итната помош ги пренела во Ургентен центар Г.С. (19) со исечен врат, П.Ф. (20) со повредена рака и Д.А. (19) со исечени прсти и повредена дланка со кои се здобил кога го кршел прозорот.
Во болница е пренесен и чуварот со огромен број на модрици и исеченици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим