Судирот во Појасот Газа не би требало да биде изговор за антисемитистички клевети и напади, изјави доцна синоќа генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун.
– Бан остро го осудува неодамнешниот пораст на антисемитистичките напади, особено во Европа, во врска со протестите кои се однесуваат на насилствата во Газа – се наведува во соопштението на портпаролот на ОН.
Генералниот секретар истакнува дека судирот на Блискиот Исток не смее да претставува изговор за предрасудите кои можат да влијаат врз социјалниот мир и хармонија каде било.
Тој цврсто верува дека судирот мора да се реши со моментален прекин на насилството и преговори, се додава во соопштението.
Франција во последните неколку дена ја потресуваат насилни пропалестински протести во и околу Париз додека трае израелската офанзива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.