Љубителите на театарот вечерва во Центарот за култура ќе имаат можност да ја проследат извонредната претстава на охридскиот Народен театар „Малограѓанска свадба“ од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски.
Во претставата играат: Петар Мирчевски, Горан Стојановски, Јасмина Билаловиќ, Јулијана Стефанова, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски.
Претставата се игра пред ограничен број гледачи, 24 лица, кои седат заедно со актерите на свадбената трпеза.
Почетокот е во 20 часот, а билети по цена од 250 денари може да се набават на билетарницата на Центарот за култура.
Претставата е за публика постара од 14 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.