По францускиот Суперкуп, кој се играше во Пекинг меѓу ПСЖ и Генгамп, најдобриот играч на парижаните Златан Ибрахимовиќ изјави дека тимот од Париз има одличен состав и дека не му е потребен Анхел ди Марија во составот.
ПСЖ на овој натпревар победи со 2-0 токму со головите на популарниот „ибракадабра“.
Според медиумите, ПСЖ ќе се засили со Аргентинецот во следните 24 часа. Единствениот трансфер што го направи ПСЖ е тој на Давид Луиз, кој изнесува 50 милиони евра.
– Ди Марија е одличен играч, но не знам дали ни е потребен. Имаме одличен состав кој донесе трофеи во Париз и без него – изјави ИБрахимовиќ.
Ди Марија беше еден од најдбрите играчи на Аргентина на Светското првенство и најкорисен играч на финалето во Лигата на шампионите во Лисабон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.