За роденденот на „Охридско лето“, кој оваа година го слави 54. роденден, концерт ќе одржи славниот српско-француски виолинист Немања Радуловиќ, заедно со групата „Ѓаволските трилери“, вечерва во 21 часот во Античкиот театар во Охрид.
Нивниот репертоар е разновиден – од Бах и Моцарт преку Чајковски, Бизе, сѐ до современа и филмска музика. Групата настапува на најпрестижните светски фестивали и концертни сали, но и во џез-клубови и на други алтернативни сцени. Нивните три цедеа со воодушевување беа поздравени од музичката критика.
Радуловиќ (29) се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена воодушевувајќи го аудиториумот со своите атрактивни настапи. Тој е добитник на престижни музички награди, меѓу кои и на националните француски награди за музичко достигнување, наречени „Виктоар дела музик“ каде што лани беше прогласен за интернационално откритие на годината. Радуловиќ настапувал во најпознатите светски сали во целиот свет. Специфичниот стил и виртуозното свирење го прават еден од најбараните музичари на денешницата. Прогласен е за почесен доктор на универзитетот во Ниш.
Радуловиќ лани одржа концерт заедно со американската пијанистка Сузан Маноф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
„Јавна соба“ слави три години постоење
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме