| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници руски туристи блокирани во Грција

грција 2

Илјадници руски туристи се заглавени на грчки острови, пред сѐ, на Кос, на Крит, на Крф и најголем број на Родос откако банкротира рускиот тур-оператор „Лавиринт“.
Грчките медиуми наведуваат дека хотелиерите каде што се сместени руски туристи се жалат дека нема кој да ги покрие нивните трошоци.
Пропаднатиот руски туроператор е под надлежност на компанијата „Идеал тур“, која ги купила авионските карти. Но, „Идеал тур“ должи од 35 до 70 милиони евра на „Оренер“, фирма-ќерка на државната авиокомпанија „Аерофлот“.
Синоќа стотици руски туристи чекале на аеродромот на Родос без да знаат дали ќе бидат превезени до Русија.
Се претпостава дека во Грција во моментот се блокирани околу 11.000 руски туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top