Албанската полиција утрово заплени половина тон марихуана на периферијата на селото Лазарат.
Полициската акција е извршена по добиена дојава за сомнително движење во околината на селото, кое е познато по одгледување и производство на огромни количества дрога, поради што е наречено „фабрика за марихуана“.
Запленетата дрога била спакувана во 10 вреќи.
– При запирање на комбето со фалсификувани регистарски таблици, во кое се наоѓала дрогата, возачот успеал да побегне но полицијата го откри неговиот идентитет и во тек е акција за негово апсење – соопшти полицијата.
И покрај полициските интервенции за чистење на околината и самото село Лазарат, како и постојаните контроли и големиот притисок од страна на полицијата, марихуаната и понатаму ја има во огромни количества во ова подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



