| четврток, 6 декември 2018 |

Добро дело: Хрватка го донираше целиот свој имот

72a082c5f8a2902471a9cfc418e494e9

Ѓургица Сеитс (80) од Вировитица, Хрватска во тестамент одлучи својата куќа да им ја остави на младите мајки чии сопрузи или момчиња ги напуштиле и на сиромашните и напуштени деца.

– Цел живот се занимавам со хуманитарна работа. Ова е единствен начин да дадам траен придонес на оние на кои тоа им е најпотребно – изјави Сеис.

Таа е пензинерка, инаку магистер по економски науки и реши куќата во центарот на Вировитица да им ја остави во наследство на оние на кои им е потребно.

Куќата има седум соби, а на катот има четири спални соби. Отсекогаш сакала деца, но имала три спонатни абортуси, а преживеала и два срцеви удари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top