Поради дефекти, утре без вода ќе бидат жителите во Драчево и на улицата „Владимир Комаров“ во Стар Аеродром во Скопје.
ЈП Водовод и канализација утре ќе го санира дефектот на водоводнаата мрежа на ул. „Сердарот“ бр.33 во Драчево. Поради тоа, ќе биде исклучена водата на улиците „Сердарот“ и „Речиште“ во периодот од 08:30 часот до санирање на дефектот.
Поради дефект ул.„Владимир Комаров“ 7/7, прекинато водоснабдување уште сега имаат корисниците на зграда бр.7 од „Владимир Комаров“. Тие се без вода од 15 часот денеска, а дефектот ќе се санира утре почнувајќи во утринските часови,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.