Американската пејачка Кристина Агилера ја покажа својата фигура пред објективот, а во прв план е нејзиниот труднички стомак. Агилера ужива во втората бременост. Пејачката за новото издание на „V Магазин“ позирала гола, и гордо го покажала својот стомак.
– Како жена, горда сум што можам да го прифатам своето тело во сите фази од својот живот – рекла Кристина. Ова на славната пејачка ќе ѝ биде второ дете, а го чека со својот партнер Метју Рутлер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.