Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов денеска свечено ја пуштија во употреба катната гаража „Разловечко востание“ во Скопје, која обезбедува нови 500 паркинг места во најпрометниот дел од
главниот град.
Честитајќи им го празникот Илинден, денот кога Македонија прославува 111 години од Илинденското востание и 70 одини од одржувањето на АСНОМ, премиерот Груевски нагласи дека тоа што ние ќе оставиме за следните генерации, зависи од нас и само од нас. Со дела, со нови објекти, со нови инвестиции, со многу работа, со исполнување на ветеното и со многу проекти, подвлече тој, им честитаме на граѓаните.
Ова е трета по ред катна гаража која се пушта во центарот на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.