| четврток, 6 декември 2018 |

УНИЦЕФ тврди дека 300 деца се убиени во Појасот Газа

Israeli airstrikes in Gaza City

Околу 300 палестински деца се убиени во Појасот Газа од почетокот на израелската офанзива против исламистичкото движење Хамас, која започна на 8 јули, соопшти денеска УНИЦЕФ.

– Децата се 30 отсто од цивилните жртви и досега тој број изнесува 296, се наведува во соопштението на Детскиот фонд на ОН, додавајќи дека податоците не се конечни и бројката може да биде поголема.

Меѓу убиените деца во престрелките и воздушните напади 187 се момчиња и 109 девојчиња, а 203 од нив се на возраст под 12 години.

Од почетокот на израелската операција во Газа загинале над 1.600 Палестинци. Израел, кој е критикуван од меѓународната заедница за употреба на прекумерна сила, го обвинува за жртвите палестинското движење, бидејќи ги користело мирните жители како „жив штит“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top