Таниз Џекс Блејк само сакала да се опушти и едвај собрала храброст да оди на плажа и да се сонча во бикини. Мајката на пет деца легнала на пешкир, но веднаш слушнала непристојни коментари за своето тело.
Повредена од настанот, напишала писмо кое потоа на фејсбук било споделено дури милион пати.
„Жал ми е ако моето тело и моите 56 килограми и 33 години ве згрозуваат, па се смеете и давате непристојни кометари. Жал ми е што мојот стомак не е рамен и затегнат, туку покриен со стрии. Сакам да знаете дека додека ги гледав вашите совршени млади тела помислив – каков величенствен подвиг тие направиле? Сакам да знаете дека бев со крената глава и не се мрднав ниту еден момент додека ме исмевавте. Но, затоа пак плачев во автомобилот. Благодарам што ми го уништивте дено. Луѓето како вас од светот прават грдо место за живеење полно со омраза. Жал ми е за вашите жени кои еден ден ќе ги раѓаат вашите деца и потоа ќе ви бидат одвратни бидејќи телото на жената се менува за време на бременоста. Само се надевам дека моите „борбени траги“ се за гордеење, а не за срамење“, напишала Блејк во својата порака на фејсубук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе
-
Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа
-
Подгорица имала клима уреди во 1939?
-
Сликале венчавка од соседниот покрив – кога ја погледнале подобро фотографијата, останале шокирани од глетката (фото)