Министерот за одбрана, Зоран Јолевски на сите граѓани на Република Македонија им го честита големиот празник „2 Август – Илинден“ кој претставува доказ за непокорот и одлучноста за создавање на независна и суверена самостојна Македонија.
По тој повод, министерот Јолевски порачува дека во спомен и со огромна почит кон сите оние кои го дадоа животот за својата земја, наша обврска е да работиме напорно и со сите сили Македонија да ја направиме уште попросперитетна и поразвиена.
Министерот Јолевски со исклучителна чест и задоволство денеска ја предводеше владината делегација за чествување на овој голем празник во вечното Крушево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.