Бизнисмен од српскиот град Јагодина Срба Јосијевиќ, на својата продавница истакнал билборд со плакат од рускиот претседател Владимир Путин на кој пишува „Императоре, те сакаме!“, јавува Б92.
Билбордот им е интересен на граѓаните, кои застануваат да го погледнат, а многумина и се фотографираат под него.
„Путин покажа како се сака сопствениот народ и како се сака својата држава“, додал Јосијевиќ и кажал дека со билбордот сакал „да предизвика емоции кај народот, што успеало, бидејќи луѓето застануваат да го погледнат и да се фотографираат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.