| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Годинава 33,5 милиони денари за реконструкција на средните училишта

koce-trajanovski

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска го посети средното училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ каде е во тек санација на санитарните јазли и се врши замена на азбесниот покрив на училишната зграда.

– Градот Скопје и ова лето ја продолжува реконструкцијата на училишните објекти на средните училишта што се под негова надлежност. Во текот на ова лето градежни работи се изведуваат на 15 училишни објекти, за кои од Буџетот на Градот се издвоени околу 33,5 милиони денари, односно 18,5 милиони денари за реконструкција на објектите и 15 милиони денари за замена на азбестните покриви, изјави Трајановски.

Тој посочи дека во СУГС „Михајло Пупин“ се работи на санирање на санитарните јазли и на замена на азбестниот покрив, со што ќе се подобри и енергетската ефикасност на училишниот објект.

– Ова лето во четири училишта се заменува столаријата, во три се санираат подовите во училниците, во три се санираат санитарните јазли, во  едно  се реконструираат кабинетите, а во едно училиште се реконструира подот во фискултурната сала. Екипите на Градот Скопје летово поставија и громобрани на објектите на 18 средни училишта, поточно, системи за заштита од атмосферски празнења со фаќач за уред за рано стартување. За овој значаен проект Градот Скопје потроши околу 8,7 милиони денари, рече Трајановски.

Сакам да нагласам, додаде, дека Градот со цел да ги подобри условите за учење на учениците, како и условите за работа на наставниците, од 2009 до 2013 година за реконструкција на средните училишта од Буџетот има издвоено 132 милони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top