| четврток, 6 декември 2018 |

Македонското студио „Фх3х“ работеше на новиот филмски хит „Чувари на галаксијата“

guardian-of-the-galaxy-poster-600x318

Реномираната македонска компанија за визуелни ефекти и анимација „Фх3х“работеше како дел од тимот на филмот „Чувари на галаксијата“ чија премиера во Скопје е вечерва во „Синаплекс“.

Режисер на филмот е Џејмс Ган, а ѕвездите во филмот се Крис Прат, кој го игра ликот на Петер Кил, Вин Дизел кој го позајмува гласот за ликот Грот – вонземјанин кој наликува на дрво, и Бредли Купер, кој го позајмува гласот на Рокет, платеник со одлично владеење на оружјето и војните тактики, без оглед на фактот што е генетски модификуван, кибернетички зајакнат ракун што зборува.

Марвел подготви и посебно доживување за фановите. Тоа е  http://www.thegalaxygetaways.com/en_us/, интергалактички патувачки сајт за потполно соживување на Универзумот во кој што се одвива дејството од филмот. Откако ќе го кликнете сајтот од вашиот телефон, ќе ве праша дали може да ја користи вашата локација и ако му дозволите, вселенски брод доаѓа да ве земе и бирате на која планета можете да отпатувате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top