| четврток, 6 декември 2018 |

Ангелов: Ќе бидам задоволен доколку активниот попречувач на нашите интеграции – Грција, го престорам во пасивен попречувач

darko

Проблем во односите со Грција во голема мера е ограничената комуникација. Ќе се обидам да создадам лични релации на доверба со грчката страна. Aкцент ќе ставам на економската дипломатија со оглед на бројните грчки инвестиции, но колку можам да помогнам околу спорот за името е прашање – посочи новоименуваниот македонски амбасадор во Грција, Дарко Ангелов, кој вети дека во својот мандат ќе се фокусира на комуникацијата, видливоста на македонските ставови и на економската соработка. Презентирајќи ги тезите за своето делување пред членовите на собраниската Комисија за надворешни работи, тој подвлече дека неговото влијание врз решавањето на прашањето за името е многу ограничено.

Ангелов посочи дека ќе биде успешен и активен колку што ќе му дозволи средината:

Ќе бидам максимално активен за градење релации на доверба со кои би се овозможило придвижување на работите, како и во јавната дипломатија, да се сфати дека Македонија не е непријател туку држава, која сака да гради добри односи.

Тој истакна дека на ова амбасадорско место доаѓа од сосема друга средина, од пријателска Унгарија, која, како што вели, од пасивен поддржувач ја престори во активен поддржувач на Македонија. Ќе биде задоволен, вели, доколку активниот попречувач на нашите интеграции – Грција, го престори во пасивен попречувач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top