| четврток, 6 декември 2018 |

Киев сака да ги уништи доказите за МХ17?

мале

Русија стравува дека Киев настојува да ги уништи доказите за вмешаноста на Украина во соборувањето на патниичкиот авион на малезиската авиокомпанија, изјави Виталиј Чуркин.

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации (ОН) на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека украинскиот претседател Петро Порошенко наложил прекин на огнот во радиус од 40 километри од местото каде што падна авионот, но таа наредба е прекршена.

Украинските официјални лица поставија нова задача – да преземат контрола над местото каде што авионот беше соборен, додаде Чуркин. Според него, таквите акции претставуваат кршење на Резолуцијата 2166, што ја загрозува истрагата за авионската трагедија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top