
Во непосредна близина на основното училиште „Свети Kлимент Охридски” во село Драчево, Општина Kисела Вода изгради фитнес-центар на отворено.
Поставени се повеќе реквизити за вежбање како разбои, вратила, клупи, направи наменети за обликување на различни делови од телото, кои ќе им овозможат на сите љубители на спортот бесплатно да вежбаат и да го развиваат спортскиот дух, потенцираат локалните власти. Фирмата-изведувач е „29 Ноември”, а Општината Kисела Вода за реализацијата од својот буџет издвои 230.000 денари.
Во месноста Дупки, исто во село Драчево, е отворено и ново детско игралиште со лулашки, клацкалка, вртелешка и лизгалка. Просторот е заграден од двете страни. Игралиштето исто така го постави фирмата „29 Ноември”, а од општинска каса се издвоени 115.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


