| четврток, 6 декември 2018 |

И ДУИ се закани дека ќе ги бојкотира локалните избори

Партијата на Ахмети вели дека доколку се одложат локалните избори, тие нема да учествуваат на нив

dui-460x272
Доколку се одложат локалните избори, ДУИ се заканува дека нема да учествува на нив. Како што објавува Дневник, интегративците велат дека не може СДСМ да ја држи цела Македонија во заложништво.

-Завршени се сите подготовки за локалните избори, подготвени се посебни стратегии и испланирани се сите партиски активности. СДСМ имаше можност и се’ уште има да се вклучи во изборниот процес. Несериозно е другите партии да бидат заложници на желбите на СДСМ. Главниот проблем на опозицијата е што прави планови на туѓ грб и што одамна само фантазира. Ако од кои било причини се оди на одлагање на локалните избори, ДУИ нема да учествува на нив – вели високфункционер на ДУИ за „Дневник“.

Според информациите на весникот една од опциите на кои ќе игра СДСМ на средбите со меѓународните претставници ќе биде и предлогот на потпретседателот Зоран Заев, да се одложат локалните без условување за предвремени парламентарни избори. СДСМ ќе игра на картата на добрите релации на ДУИ со меѓународните претставници, односно на сугестија на странците партијата на Ахмети да го одложи датумот на одржувањето на локалните избори, пишува „Дневник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top