Иако во однос на денешниот ден и врнежите и условите за локално невреме ќе бидат помали, сепак, утре повтонро не очекува посвежо и релативно врнежливо време.
Според „Метеопро“, претпладне ќе има умерена облачност со повеќе сончеви периоди, а интензитетот на врнежите ќе биде поголем во попладневните часови, пред се во источните делови од земјава. Ќе има и појава на грмежи, а најмалку врнежи ќе има во југозападниот регион.
Минималната температура ќе се спушти до 16. степен, а максималната повторно ќе се движи на 30. степен.
И во Скопје се очекува променливо време со повремен дожд, кој ќе биде позастапен и поинтензивен попладне, локално проследен со грмежи.
Во Охридско-Преспанскиот ќе има умерена облачност со сончеви периоди и услови за нестабилно време со локален дожд и грмежи попладне. Максималната дневна температура ќе достигне околу 27 степени
Дојран очекува променливо време со подолги сончеви периоди претпладне, а попладне и вечер повторно ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне вредност околу 30 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


