| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ со санкции за Асад и со „смртоносна“ обука на опозицијата

asad sirijaЕУ ги продолжи за уште три месеци санкциите воведени за режимот на сирискиот претседател Башар Асад. Овој пат со усвојување на еден амандман, заедно со списокот санкции се отвори и можност за обука на сириската опозиција за „употреба на смртоносна опрема“. И натаму се забранува снабдување со оружје на двете страни во судирот, но овозможено е како што стои „овозможување техничка помош на службата за посредување и другите служби на Сириската национална опозициска коалиција и Револуционерните сили, со цел заштита на цивилите“. САД пак одат чекор понапред, поддржувајќи ја борбата сириската опозиција. Државниот секретар Кери рече дека САД ќе даде дирекна помош во храна и лекови, но и додатни 60 милиони долари за опозицијата со намена за враќање на поредокот во реоните контролирани од опозицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top