ЕУ ги продолжи за уште три месеци санкциите воведени за режимот на сирискиот претседател Башар Асад. Овој пат со усвојување на еден амандман, заедно со списокот санкции се отвори и можност за обука на сириската опозиција за „употреба на смртоносна опрема“. И натаму се забранува снабдување со оружје на двете страни во судирот, но овозможено е како што стои „овозможување техничка помош на службата за посредување и другите служби на Сириската национална опозициска коалиција и Револуционерните сили, со цел заштита на цивилите“. САД пак одат чекор понапред, поддржувајќи ја борбата сириската опозиција. Државниот секретар Кери рече дека САД ќе даде дирекна помош во храна и лекови, но и додатни 60 милиони долари за опозицијата со намена за враќање на поредокот во реоните контролирани од опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.