| четврток, 6 декември 2018 |

Новите санкции за Русија може да ѝ наштетат на германската економија

Новите санкции за Русија може да ѝ наштетат на германската економија, но мирот е поважен, изјави денеска министерот за економија и вицеканцелар, Зигмар Габриел.

merkel i putin

– Знаеме дека може да имаме економски последици, знаеме дека трговијата со Русија не е исклучително голема, но е значајна – нагласи Габриел.

Во време на војна и на мир, економската политика не е основниот фактор кој се зема предвид, додаде тој по седница на германската влада.

ЕУ и САД вчера објавија нови санкции  за Русија насочени кон енергетскиот, банкарскиот и одбранбениот сектор како одговор на поддршката на Москва за сепаратистите во источна Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top