По повторното апсење на неговите родители, хрватскиот пејач Тони Цетински револтирано се огласи на „Фејсбук“.
– Повеќе од три години секојдневено и макотрпно истражување немаат никакви докази, па сега очајно повторно се сомневаат. Суштината е дека треба да се оправдаат сите потрошени пари за потребите на истрагата, а нема докази.
Ова што се случува само покажува дека моите родители во истрагата успешно го докажале потеклото на нивниот имот, кој го стекнале со долгогодишна успешна работа. Тоа, пак, овие од истражувањето не можат да го прифатат, па сега мислат на овој начин да го поништат вештачењето.
За жал живееме во корумпирано општество во кое владеат пирани и однапред се осудуваат луѓе без какви било докази. Ова само зборува колку е влијателен Кончар и неговиот адвокатски тим во оваа истрага, а тоа е она што не можам да опишам колку ме плаши.
Сакаат да ги менуваат фактите со своите пари и влијанието, а во меѓувреме го уништуваат здравјето и репутацијата на моите родители и комплетното семејство.
Не ги мразам ниту Кончар, ниту Нобил ниту Цариќ, а ниту останатите газољубци од удбашкиот блок, ниту пак не се плашам од нив. Со чист образ можам да речам: На секого според заслугата.
Ми останува да се молам и да верувам во вистината и правичното судство. Хммммм, можеби сум наивен, но верувам. Им благодарам на сите за поддршката во овие најтешки мигови за мене и моето семејство – напиша пејачот на својот профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња
-
Нови детали од трагедијата на Тони Цетински: Знам јас добро што се случи!
-
Тони Цетински се огласи по сообраќајката: Скршен сум. Воопшто не одам во Ровињ, ниту во Истра и не сум добро!
-
Ми беше тешко, целиот живот ми мина низ глава – Тони Цетински проговори за трагедијата


