Несреќа во која 77-годишниот гостиварец Јахи Мехмети го загубил животот се случила вчера во гостиварско Градец.
Од полицијата информираат дека Јахи сакал да го исклучи светлото на тракторот, но по грешка истиот го стартувал, по што паднал од него и бил прегазен.
Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Тетово, но поради сериозноста на повредите препратен на клиниките во Скопје, каде набрзо починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



