
Продоложениот викенд беше одлична шанса да се се посети некое туристичко место, а туристичките работници се задоволни од посетата. Само во текот на продолжениот викенд преспанските плажи ги посетиле околу десет илјади лица. Плажите од Претор до Долно Дупени и од Отешево до Стење биле преполни.
Причини за одличната посетеност според тур-операторите се средените плажи, ниските цени, културното лето, но и вложувањата на новите концесионери во Претор и Kрани.
Сепак сметаат дека на Преспа ѝ недостигаат сместувачки капацитети иако нив, во мала мера, ги заменуваат објектите од алтернативниот туризам, кои секоја година привлекуваат повеќе гости, особено странски туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може


