| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов во Преспа имало 10.000 туристи

dupeni

Продоложениот викенд беше одлична шанса да се се посети некое туристичко место, а туристичките работници се задоволни од посетата. Само во текот на продолжениот викенд преспанските плажи ги посетиле околу десет илјади лица. Плажите од Претор до Долно Дупени и од Отешево до Стење биле преполни.

Причини за одличната посетеност според тур-операторите се средените плажи, ниските цени, културното лето, но и вложувањата на новите концесионери во Претор и Kрани.
Сепак сметаат дека на Преспа ѝ недостигаат сместувачки капацитети иако нив, во мала мера, ги заменуваат објектите од алтернативниот туризам, кои секоја година привлекуваат повеќе гости, особено странски туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top