
Исклучително нестабилното време во Хрватска ги натера метеоролозите во таа земја да го вклучат црвениот аларм и оттаму предупредуваат дека в среда ќе има дожд, грмотевици и нестабилно време кое доаѓа од северен Јадрам и ќе се прошири на целата држава. Се очекува и силен ветер.
Хидрометеоролошкиот завод во Хрватска го вклучи црвениот аларм, а тоа значи дека се очекува исклучително опасно време.
– Ваквото време се очекува да направи голема штета и несреќи и тоа на поголеми простори. Во поголем број случаи опасноста е и по живот – се појаснува во метеоалармот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


