Најголем дел од големите компании во земјава, во 2012-та година регистрираа намалување на добивката. За прв пат откако влезе на македонскиот пазар во 2007-ма година, мобилниот оператор ВИП покажа профит, после загубите изминатите години. Менаџментот не сакаше да открие колкав е профитот.
Пад на добивка забележа и Македонски Телеком и Т-мобиле. Порастот на живеачката и финасиската криза влијаела на финасиските резултати.
Фармацевтската компанија Алкалоид минатата година ја заврши со позитивни финансиски резултати проследени со раст на приходите и намалена добивка. Фармацевтската компанија 2012 година ја заврши со вкупна нето добивка од 9,5 милиони евра, што е намалување за 5% споредено со добивката остварена во 2011 година.
Шпедитерската групација Фершпед 2012-та година ја заврши со намалени приходи и намалена добивка, покажува финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонска берза. Според податоците од консолидираниот финансиски извештај, шпедитерот лани остварил вкупни приходи од 61 милион евра, што е за 18% помалку споредено со претходната година. За 30% е намалена добивката и на Макстил минатата година во споредба со 2011.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
Нова голема добивка: Охриѓанец со 20 денари доби 80.508 евра
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година