| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е еден од фаворитите за партнер во формирањето на националниот авиопревозник?

turkish

„Туркиш ерлајнс“ е еден од фаворитите за партнер во формирањето национален авиопревозник, објави „Алфа“. Според порталот „CH aviation“, кој се занимава со прашања поврзани со авијацијата, се вели дека ваква опција е многу веројатна, со оглед на фактот што турскиот концесионер ТАВ раководи со скопскиот и охридскиот аеродром. Откако ги презеде, ТАВ постојано преговара да донесе авиокомпанија која ќе го носи македонското знаме.

Порталот пишува дека одлуката на Агенцијата за цивилно воздухопловство уште пред две години да му го додели на турскиот авиопревозник статусот на „редовен превозник“, дополнително му ја зголемува предноста.
Сепак од Министерството за транспорт и врски за Алфа велат дека досега неколку компании се заинтересирале да се вклучат во процесот на формирање национален авиопревозник, меѓу кои и „Turkish Airlines“,  но рано е да се зборува за кандидатите, бидејќи се уште не е определен начинот на кој би се формирала компанијата. Една од опциите е да се склучи договор со странска компанија која би отворила своја база на „Александар Велики“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top