| четврток, 6 декември 2018 |

Кое е новото момче на Хајди Клум?

Четириесет и едногодишната убавица Хајди Клум ја откри својата нова љубов. Тоа го направи на својот профил на Инстаграм, каде објави заедничка фотографија со 28-годишниот Вито Шнабел, со што ја потврди врската за која се говореше во изминатите неколку месеци.

Станува збор за младиот трговец со уметнички дела кој претходно беше во врска со Деми Мур (51), а веќе четири месеци го поврзуваат со Хајди. На фотографијата која ја сподели на Инстаграм, Хајди изгледа среќно. Двојката моментално е на одмор, неодамна ја посетија Франција, а беа и во Мексико.

Клум остана во добри односи со поранешниот сопруг Сил, со кого се разделија по шест години брак. Поранешните сопружници неодамна беа забележани во Дизниленд заедно со нивните три деца кои се на осум, седум и четиригодишна возраст.

Хајди во почетокот на годинава ја прекина врската со својот телохранител Мартин Кристен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top