Цените за топлинска енергија и на ангажирана моќност, вкупниот надоместок за испорачаната топлинска енергија на праг на потрошувач кои се снабдуваат со топлинска енергија од страна на „Балкан енерџи“ се намалува за 14,24 отсто.
Ваква одлука, според Макфакс донела Регулаторната комисија за енергетика, намалувајќи ја истовремено цената на парното греење за корисниците на Скопје север за 13,45 отсто.
Намалените цени на парното греење за скопјани ќе важат од 1-ви март.
Промената на цената на топлинската енергија е предизвикана од падот на продажната цена на природниот гас за периодот од донесувањето на одлука за утврдување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија за греење за 2012 година од 27.07.2012 година до денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.