| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара го откажа настапот во Охрид

Настапот во Охрид на македонската пејачка Тамара Тодевска, која со својот бенд требаше да пее пред тамошната публика на 31 јули, е откажан. Според Тамара, причината не лежи во слабата продажба на карти или слично, туку причините се од техничка природа.

Почитувани фанови, за жал, поради технички причини, настапот во дискотека „Парк“ во Охрид за 31 јули е откажан. За следниот ќе бидете известени со време. Со почит Ваша Тамара – објави пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top