Настапот во Охрид на македонската пејачка Тамара Тодевска, која со својот бенд требаше да пее пред тамошната публика на 31 јули, е откажан. Според Тамара, причината не лежи во слабата продажба на карти или слично, туку причините се од техничка природа.
– Почитувани фанови, за жал, поради технички причини, настапот во дискотека „Парк“ во Охрид за 31 јули е откажан. За следниот ќе бидете известени со време. Со почит Ваша Тамара – објави пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


